Oсветен храм на Успение на Пресвета Богородица во Тајланд
 
 
 
 
 

Oсветен храм на Успение на Пресвета Богородица во Тајланд (16.02.2012)

На 9 февруари 2012 година претседателот на Одделот на Московската Патријаршија за надворешни прашања Архиепископот Егориевски Марко, кој се наоѓа во посета на Тајланд, отслужи чин на големо осветување на храмот на Успение на Пресвета Богородица во машкиот манастир во Ратчабури.

Со благослов на Рускиот патријарх Кирил на Литургијата во новоосветениот храм клирик од црквата на свети Никола во Банкок -  јероѓаконот Серафим (Рајча) беше ракоположен во чин на јеромонах заради продолжување на своето служење во Кралството Тајланд.

На ерејот Даниил Вана Владиката Марко му врачи патријаршиска награда – златен граден крст: со правото на носење на овој крст е удостоен првиот тајландски свештеник поради ревноста во полза на Црквата и заради преводот на тајландски јазик на Светото Писмо.

 

         

 

Извор: Romfea.gr