Путин за воведување веронаука и етика во училиштата
 
 
 
 
 

Путин за воведување веронаука и етика во училиштата (16.02.2012)

Рускиот премиер Владимир Путин донесе одлука за воведување на предметот „Основи на религиска култура и светска етика“ во сите училишта во земјата.

Веронауката во последните две години се предаваше експериментално во 20 региони во Русија и наставата ја пратеа 300.000 ученици.

До март родителите ќе се определат за еден од шестте понудени модели на настава на новиот предмет, а предавачите ќе посетуваат курсеви до крајот на август.

Четири модели се верски – основаи на православната, односно еврејсаката, исламската и будистичката култура, а останатите два се основи на светската религија и светската етика. Предавачите за првите четири модели ќе бидат избрани од верските заедници.

Според податоците на руското министерство за образование, најголем имтерес е за етика – 42 %, за основите на православната култура – 30%, основите на религии – 18%, исламската веронаука – 9% и будистичката – 1 %.

 

Извор: Светигора