Свето-Троицки Александро-Свирски манастир: Фрески што сами се обновуваат (10.04.2012)
Овие
фрески во Свето Троицкиот манастир во Русија никој не ги реставрира. Но секоја година тие стануваат сè посветли и
разнобојни. Ова го забележуваат сите поклоници кои во манастирот не доаѓаат за
прв пат. Но
и на новите поклоници
фреските
им
оставаат
неизбришлив впечаток.
Овде,
во Троицкиот соборен храм се случува чудото на обновување коешто ние го видовме
со сопствени очи: фреските во црквата почнаа сами од себе да се обновуваат
добивајќи посветли небесни бои иако човечката рака не ги допрела. Светителите
кои се изобразени на фреските нè гледаат како да се живи.
Чудата
во Свето-Троицкиот
машки манастир се случваат постојано. На некој неверојатен начин се обновуваат
фреските на ѕидовите
на црквата. На
фасадата појасно од другите блескаат боите на приказот на Света Троица.
„Многумина
мислат дека фреските ние ги реставриравме, ама тие се обновија сами, станаа
поконтрастни“ вели раководителот на иконописната работилница Аркадиј
Холопов.
Фрeските кои ја украсуваат куполата и ѕидовите на црквата во последните десет години се обновуваат сами од себе. Боите поразуваат со својата осветленост и полнота – тоа е дело на „небесниот реставратор“.