Во Српската Православна Црква исто така го признаваат чудото во црквата на свети Димитриј во Скопје, само што погрешно, односно еднострано, го толкуваат
 
 
 
 
 

Во Српската Православна Црква исто така го признаваат чудото во црквата на свети Димитриј во Скопје, само што погрешно, односно еднострано, го толкуваат (12.04.2012)

Според глобалното христијанско радио на СПЦ, Радио Светигора: чудото за коешто деновиве се зборува, а коешто се случува во црквата на Свети Димитриј во Скопје, во која почнаа да блескаат икони и фрески, е едно од најновите знаци кои тие ги доживуваат како повик за покајание на сите луѓе, но посебно за расколничката ерархија на МПЦ.

 

И нашето мислење во еден дел е како што и тие велат, дека ова чудо е општ повик за покајание на сите православни и на сите луѓе со добра волја, но кога би биле како нив сега би требало да кажеме дека ова чудо посебно е повик за покајание на ерархијата на Српската Православна Црква која веќе 45 години не ја признава автокефалноста на Македонската Православна Црква и со тоа суштински придонесува за разбивање на сеправославното единство; ама не сме како нив и не велиме такво нешто. Ние само, во овие светли денови, ќе им порачаме да размислат: кој создава раскол – дали оној што го бара евхаристиското единство со нив и го спомнува името на нивниот поглавар во своите Божествени Литургии или оној кој го условува црковното единство со политички и световни барања, како што е барањето за одрекување од официјално име и барањето за ерархиска подреденост меѓу еднакви по чест епископи – барања неспоиви со православната еклисиологија и општо со православната вера во Богочовекот Христос.

 

Од редакцијата на сајтот на МПЦ