Во подготовки е изградбата на црквата Свети Никола на Менхетен, срушена на 11 септември 2001 (30.04.2012)
После една деценија одложувања, конечно ќе започне изградбата на православната црква посветена на Свети Никола, срушена на 11 септември 2001 во терористичкиот напад на Њујорк.
Според зборовите на членот на Конгресот на САД, Каролин Малони, изградбата ќе започне следната година, а се очекува да биде завршена во 2016, на нејзината стогодишнина. Планиран е и голем парк околу црквата.
Црковните службеници соопштија дека до сега се собрани 4 милиони долари и дека и понатаму пристигнуваат прилози.
Извор: CBS