Света Гора пред прогон од грчките власти
 
 
 
 
 

Света Гора пред прогон од грчките власти (02.05.2012)

Светата светогорска општина на своето собрание на кое присуствуваа и игумените на светогорсите манастири ѝ даде на грчката влада ултиматум до 15 мај 2012 г. да ја повлече одлуката за оданочување на светогорските имоти надвор од Света Гора, во спротивно после тој рок ќе прогласи дека Света Гора е под отворен прогон од страна на грчките власти и дека ќе побара помош од земјите коишто имаат свои манастири на Света Гора како што се Русија, Бугарија и Србија.

Извор:Romfea