Грчките архиереи вознемирени поради мешањето на Патријархот Вартоломеј во работите на Грчката Православна Црква (05.05.2012)
На 2 мај се одржа седница на Светиот Синод на Грчката Православна Црква. Бурната реакција на членовите на Синодот ја предизвика писмо од Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, во коешто тој повикува едногласно да се осудат дејствијата на некои митрополити на Грчката Црква, коишто истапуваат против меѓуконфесионалниот и меѓурелигискиот дијалог и го обвинуваат Фанар за „екуменска ерес“. Директен повод на ова писмо беше анатемисувањето на екуменистите и на римскиот папа во Неделата на Православието од страна на Пирејскиот митрополит Серафим.
Збунетостa на членовите на Синодот ja предизвика безусловниот тон на писмото, кој принудува да се говори за мешање на една помесна Православна Црква во внатрешните работи на другата. Позицијата на Митрополитот Серафим беше опишана како „претерана“, но беше истакнато дека и тоа што се случува во Фанар често предизвиува искушение кај православната паства.
Како пример беше наведено однесувањето на еден католички кардинал во соборниот храм на свети Георгиј во Фанар на Пасха: тој повеќепати влегувал и излегувал од олтарот.
„Грешки се прават од двете страни“, изјави еден од синодските митрополити во интервју за „Ромфеа“.
После долгата дискусија членовите на Синодот донесоа решение да одговорат на Патријархот Вартоломеј нагласувајќи дека Грчката Православна Црква одржува разумен дијалог со другите конфесии и политички движења.
Извор: Sedmitza.ru