Осветена најголемата црква на Кипар (06.05.2012)
Во Никозија беше освентена најголемата црква во Кипар, којашто е посветена на Божјата Премудрост, односно Света Софија, соопштува Amen.gr. Храмот е со должина 60 метри, ширина 30 метри и висина исто така 30 метри. Под него се наоѓаат уште три подземни цркви, од кои едната е крстилница. Архитектонскиот проект е инспириран од истоимениот храм во Цариград – познатата Света Софија и е дело на архитектот Фанос Лоизидис. Престолот е точно копија на оној во архиепископскиот храм во Тбилиси, Грузија. Црквата беше осветена од Кипарскиот Архиепископ Хризостом во сослужение со Митрополитот Сава од Грузиската Православна Црква, грчкиот Митрополит Пантелејмон и кипарските хорепископи Христифор, Григориј и Порфириј. Храмовиот празник на новата црква ќе биде според византиската традиција на Преполовение (подвижен празник, којшто се празнува 25 дена после Пасха).
Извор: Двери.бг