Грузискиот Патријарх крсти уште 400 бебиња
 
 
 
 
 

Грузискиот Патријарх крсти уште 400 бебиња (08.05.2012)

Во уште едно соборно Крштение, во храмот Света Троица во Тбилиси, крстени се околу 400 бебиња.

Со цел да се зголеми наталитетот во земјата, Грузискиот Патријарх Илија вети дека ќе биде кум на сите бебиња родени во православните семејства кои веќе имаат две или повеќе деца. Од првото вакво масовно Крштение во 2008, Неговата Светост стана кум на околу 11000 новородени.

Грузискиот претседател Михаил Сакашвили истакна дека Патријархот во голема мера е заслужен за зголемувањето на наталитетот, кој во 2010 порасна за 25% во однос на 2005. Бројот на абортуси во овој петгодишен период, исто така, се намали за 50%.

Родителите чии деца се крстени во неделата, на 6 мај, истакнаа дека Патријахот е заслужен за нивната одлука да имаат трето или четврто дете. 

 

             

Извор: Светигора