59 години од востановување на Бугарската Црква во достоинство на патријаршија
 
 
 
 
 

59 години од востановување на Бугарската Црква во достоинство на патријаршија (10.05.2012)

Денес, на 10 мај 2012 г., Бугарската Православна Црква празнува 59 години од востановувањето на своето патријаршиско достоинство.

Во 1953 година, после повеќе од 550 години на лишеност од својот статус на патријаршија, Бугарската Црква според решението на Светиот Синод свикува Трет црковно-народен собор (од 8 до 10 мај). Врз основа на изготвениот Устав на БПЦ уште во 1950 година, во чијшто член 1 „самоуправната Бугарска Православна Црква“ се нарекува „Патријаршија“, Третиот црковно-народен собор во Софија прогласува востановување на Бугарската Патријаршија во присуство на Ленинградскиот (Санкт Петербуршки) и Новгородски митрополит Григориј (Руска Православна Црква), Патријархот Јустинијан (Романска Православна Црква), Полскиот поглавар митрополит Макариј, Чешкословачкиот поглавар митрополит Елефтериј. На свеченоста на БПЦ свое признавање тогаш даваат Александриската, Антиохиската, Ерусалимската, Грузиската, Српската и Грчката Црква преку свои претставници, како и преку телеграфски и писмени поздрави. Вселенската Патријаршија го признава патријаршиското достоинство на Бугарската Православна Црква во 1961 година и со тоа, според зборовите на Вселенскиот патријарх Атинагора – се става крај на „тажната неправилност“ во односите меѓу двете Цркви.

Статусот на автокефална патријаршија е потврден во следните децении од 20 век, и е особено јасно нагласен во нејзиниот нов Устав, изработен од Шестиот црковно-народен собор и донесен на 11 декември 2008 година во Рилската света обител. Во него именувањето на оваа Црква е дополнето и гласи: Бугарска Православна Црква – Бугарска Патријаршија.

 

Извор: Bg-patriarshia.bg