Свечености по повод 5-годишнината од потпишувањето на Актот за канонско единство меѓу Руската Задгранична Православна Црква и Московската Патријаршија (10.05.2012)
На 16-17 мај 2012 година, во САД ќе се одржат свечености по повод 5-годишнината од потпишувањето на Актот за канонско единство меѓу Руската Православна Црква во татковината и зад границите.
На 16 мај во Свето-Троицкиот манастир во Џорданвил, држава Њујорк, ќе биде отслужена панихида за блаженоупокоените Патријарх Алексиј II и Митрополит Лавр.
Утрото, на 17 мај во Свето-Николаевскиот патријаршиски соборен храм во Њујорк повеќе архиереи ќе служат Божествена Литургија, во чест на овој јубилеј.
Актот за канонско единство меѓу Руската Задгранична Православна Црква и Руската Православна Црква - Московска Патријаршија е документ со кој е востановено обединување на Руската Задгранична Православна Црква со Московската Патријаршија. Актот беше потпишан на 17 мај 2007 година во Москва, во храмот на Христос Спасителот, од страна на Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II и првоерархот на РЗПЦ Митрополитот Лавр.
Извор: Патриархиа.ру