Рускиот Патријарх отслужи молебен по повод инаугурацијата на претседателот Путин (11.05.2012)
Во понеделник на 7 мај, во Благовештенскиот храм на московскиот Кремљ, Патријархот Московски и на цела Русија Кирил отслужи молебен по повод инаугурацијата на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.
Првоерархот на Руската Православна Црква се сретна со претседателот и неговата сопруга на влезот на храмот.
После ектенијата, во која се произнесени посебни прозби за претседателот, Патријархот Кирил ја изговори молитвата за шефот на државата, молејќи се на Бога да му даде сили и мудрост да управува со државата во мир и да ја води кон напредок.
Патријархот, потоа, му се обрати на претседателот со поздравно слово, во кое рече:
„Владимир Владимирович, срдечно Ви честитам, откако мнозинството на нашиот народ свесно, разумно и слободно Ве избра за претседател на Руската Федерација. Денес во овој древен Кремљ, каде што се читани молитви за служење на татковината пред многу Ваши побожни претходници, усрдно се помоливме на Господа да ја дарува Својата милост на Вас и нашата земја, да Ви даде душевни и телесни сили, мудрост, духовна крепост, сѐ што му е неопходно на човек којшто носи огромна одговорност за десетина милиони луѓе.“
Патријархот на г. Путин му подари икона на Пресвета Богородица „Умиление“.
На молебенот учествуваа повеќе архиереи и клирици на Московската Патријаршија.
Извор: Патриархиа.ру