Руската духовна мисија во Ерусалим им укажа помош на инвалидизираните со оштетен вид и слух во организација на поклоничко патување во Светата Земја
 
 
 
 
 

Руската духовна мисија во Ерусалим им укажа помош на инвалидизираните со оштетен вид и слух во организација на поклоничко патување во Светата Земја (14.05.2012)

На 10 мај 2012 год. на Светата Земја пристигна група на верници со посебни потреби, предводена од раководителот на Организацијата за социјална поддршка на слепите и глувите „Елвира“ и претседателот на Европската унија за слепи и глуви С.А.Сироткин. Предводник на групата беше клирик од Московската епархија, јереј Лев Аршакјан. Поклоничкото патување беше организирано со помош на Руската духовна мисија во Ерусалим.

На 11 мај во придружба на заменик-раководителот на мисијата игумен Теофан (Лукјанов) поклониците ја посетија Ерусалимската Патријаршија, каде што ги прими Блаженејшиот Патријарх на Светиот Град Ерусалим и на цела Палестина Теофил III, соопшти сајтот на Руската духовна мисија. На крајот поглаварот на Ерусалимската Православна Црква изјави дека: „Сега проблемот е во тоа што, често, луѓето со телесни очи се духовно слепи. Бог нема тело, но Тој гледа и слуша. Затоа, навистина добро гледа оној кој има отворени, а не затворени духовни очи“.

***

Добротворната организација „Елвира“ е создрадена пред 15 години по иницијатива на С.А.Сироткин – човек, слеп и глув, уште од детството, кој успеа да изучи не само средно, туку и високо образование на Факултетот за психологија при Московскиот државен униврзитет. „Елвира“ обединува повеќе од илјада слепи и глуви од целата земја. Практично, 24 часа укажува помош на оние со оштетен вид и слух. Помагаат и познавачи на мимичкиот јазик на гливонемите.

 

     

 

Извор: Mospat.ru