700 свештеници на конференција во патријаршиската палата во Букурешт
 
 
 
 
 

700 свештеници на конференција во патријаршиската палата во Букурешт (15.05.2012)

Во понеделникот, на 14 мај 2012 година, 700 клирици на Архиепископијата на Букурешт учествуваа во Пролетната семестрална пастирско-мисионерска конференција. Конференцијата беше одржана под претседателство на Неговата Светост Романскиот Патријарх Даниил во патријаршиската палата. 

На почетокот на работната сесија, Романскиот Патријарх се обрати на пристуните со говор насловен: „Свештениците се молат, лекарите лекуваат, но Господ дава исцеление.“

Неговата Светост во својот говор истакна дека грижата за болните не е ограничена на медицинскиот третман, туку дека и литургиската, образовно-катихетската, пастирската, социјалната – филантропската и медицинската работа на Црквата се дело на исцеление, одржување или закрепнување на доброто здравје на телото и душата, на личноста и на заедницата исто така.

„Сеопфатното разбирање на грижата за болните од страна на Црквата е засновано на основната вистина дека Изворот на животот, на доброто здравје и исцелението е Христос, Лекарот на нашите души и тела. Затоа кога зборуваме за исцелението на болните можеме да кажеме дека свештениците се молат, лекарите лекуваат, но Господ дава исцеление или спасение“, рече Неговата Светост.

Бидејќи Светиот Синод на Романската Православна Црква ја прогласи 2012 година за година на Светата Тајна Елеосветување и грижа за болните, беа одржани неколку предавања на оваа тема за време на конференцијата.

Беше прикажан документарен филм направен од Социјалниот филантропски оддел на Архиепископијата на Букурешт и ТВ Тринитас, во кој беше прикажана активноста на свештениците во болниците и нивната грижа за болните во медицинските центри кои соработуваат со Архиепископијата на Букурешт (Свети Спиридон – Вечи, MED AS и др.) и во консултативните домови во парохиите.

Пред конференцијата беше отслужена Божествена Литургија во новата црква на свети Спиридон.

 

     

 

 

Извор: Basilica.ro