Водач на руска рок група награден со еден од најголемите награди на Руската и Украинската Православна Црква
 
 
 
 
 

Водач на руска рок група награден со еден од најголемите награди на Руската и Украинската Православна Црква (15.05.2012)

Поглаварот на Украинската Православна Црква (Московска Патријаршија), Митрополитот Киевски Владимир, го награди со орден на свети Андреј Првоповиканиот водачот на руската рок група „ДДТ“ Јуриј Шевчук.

Наградата е врачена во Киев, во манастирот на Свети Пантелејмон, соопштуваат РИА новости Украина. Според преданието, на ова место свети Андреј Првоповиканиот, еден од учениците на Господ Исус Христос, ја претскажал појавата на Киев и го благословил местото за создавање на идната престолнина.

Јуриј Шевчук изјави дека е воодушевен од оваа награда. „Јас ја примам не како заслуга за работата, туку како аванс за она што ми претстои да го направам“, рече музичарот.

Заедно со Шевчук награден е и Олег Карамазов, водач на украинската рок група Браќа Карамазови“. Митрополитот Владимир изрази надеж дека музичарот и во иднината ќе го шири словото за Христа: „Се надевам дека тоа слово, кое вие го пренесувате на луѓето од сцената, во прв ред, на младината, ќе сведочи за Христовата вистина, за Христа. И за нашите вредности. Вие имате свој јазик на заедничарење со младината, кој во својата суштина, не противречи на учењето на Црквата“.

 

                   

 

      

 

                                               

 

Орденот на светиот апостол Андреј Првоповиканиот со дијамантска ѕвезда на лента е највисок орден на Руската Православна Црква. Тој бил изработен според одлуката на Патријархот Пимен и Светиот Синод на 28 декември 1988 година во чест на 1000-годишнината на Крштението на Русија. Со овој орден се наградувани поглавари на помесните Православни Цркви за нивните заслуги за афирмација на христијанството.

Орденот има еден степен. При наградувањето се врачува значка на орденот, дијамантска ѕвезда, лента и грамота.  Значката на орденот се носи на лента на десната страна во горниот дел од градите. При носење на значката на орденот на градна лента тој се поставува под дијамантскиот ѕвездаст орден. Сите останати ордени на РПЦ се носат подолу. 

 

Извор: Telegrafua.com