Прво православно радио во Сибир
 
 
 
 
 

Прво православно радио во Сибир (17.05.2012)

Претставниците на Томската епархија основаат прва православна радио станица „Благовештение“, соопштува Сибирската агенција за вести.

„Потребата од такво радио се јави одамна“, изјави Томскиот и Асиновски Архиепископот Ростислав. Сега повеќето од емисиите на радио станиците се од забавен карактер, од кои некои имаат деструктивен карактер, а потребен е етер кој нуди креативни пораки.

Познато е дека православното радио ќе започне со работа кон крајот на јуни во Асиновскиот реон на Томската област и блиските места на фрекфенцијата 103,2 mhz. Потоа емитувањето ќе се прошири во градовите Стражево, Кожебниково, Колапашево и останатите места на Томската област.

Уредник на радиото „Благовештение“, отец Марко истакна дека ќе се емитуваат не проповеди, туку дебати во кои можат да учевствуваат разни професионалци.

„Исто така, ќе се пушта класична и духовна музика, аналитички емисии“, додаде отец Марко. Во план се емисии за деца, млади, возрасни и постари луѓе.

Покрај тоа, православното радио „Благовештение“ ќе има и свој сајт, на кој ќе можат да се слушаат емисиите. Ќе се финансира по пат на спозорства, прилози и донации.

 

Извор: Sedmitza.ru