Рускиот Патријарх Кирил на Фејсбук (17.05.2012)
Вчера на социјалната мрежа Facebook беше отворена страница посветена на Рускиот Патријарх Кирил. Страницата ќе се апдејтува секојдневно и ќе објавува вести побрзани со дејноста и проповедите на Патријархот. Бидејќи Партијархот Кирил внимателно следи што се случува на Интернет, тој ќе го следи и функционирањето на оваа страна, соопштија од Синодскиот информативен оддел. Уште во првиот ден од отворањето на страницата посетителите објавија многубројни коментари за различни црковни настани. Во 2010 г. Одделот отвори и канал на Руската Црква на Youtube. Московската Патријаршија се надева дека на тој начин ќе даде уште една можност за остварување на дијалог со верниците на сите нивоа.
Извор: Dveri.bg