Синодот на Цариградската Патријаршија канонизира 11 естонски новомаченици
 
 
 
 
 

Синодот на Цариградската Патријаршија канонизира 11 естонски новомаченици (17.05.2012)

ИСТАНБУЛ. Синодот на Цариградската Патријаршија канонизира 11 естонски новомаченици, кои ја пролеаја својата крв за Христа во 1940-1941 г., во периодот после присоединувањето на Естонија кон СССР.

 

Во соборот на светите се прославија: протереј Василиј Ритскок; свештениците: Јоханез Крав, Јован Сергеев, Артемиј Вапер и Николај Лејсман; ѓаконите: Василиј Астанин и Петар Козлов; пезвитера Марта Лејсман; мирајните Јован Лаговски, Теодот Петај и неговата сопруга Ана Петај.

 

Празнувањето на новомачениците е востановено на 14 јуни, денот на жалост, кога во современа Естонија си спомнуваат за жртвите од сталинската репресија.

 

Двајца од канонизираните новомаченици живееле неколку години во Париз:

 

- Свештеникот Јован Сергеев беше студент на Свети-Сергеевскиот православен богословски институт во Париз од 1930 до 1934 г. Тој беше уапсен на 14 јуни 1941 г. и осуден на 10 години затвор. Отслужуваше казна во логорот Сосна во Свердловската област (Екатеринбург). Почина во заточение на 22 февруари 1943 г., на возраст од 35 години.

 

- Мирјанинот Јован Лаговски живееше во Париз од 1930 до 1933 г., кога беше раководител на РСХД (Руско студентско христијанско движење) и издавач на списнието „Весник“. Како член на раководството на естонската организација РСХД и член на административниот совет на православната парохија во Тарт беше уапсен на 5 август 1940 г., протеран, подложен на мачење и застрелан на 30 јули 1941 г., на возраст од 51 година.

 

 

Извор: Седмица.ру