Изложба за воспитувањето на децата во царското семејство во храмот на крвта во Екатеринбург
 
 
 
 
 

Изложба за воспитувањето на децата во царското семејство во храмот на крвта во Екатеринбург (18.05.2012)

На 11 мај, во изложбената сала при храмот на крвта во Екатеринбург, отворена е изложба на фотографии „Со љубов за Русија“, приредена по повод денот на раѓањето на царот Николај Александрович 19 мај. Автор на изложбата е Ирина Борисовна Крилова, информира прес-службата на Екатеринбуршката епархија.

„Сега е најважно да разбереме, како треба да ги воспитуваме децата – вели Ирина Борисовна. Несомнено, ние имаме многу прекрасни светители, врз чиј живот може да се втемели духовно-моралното воспитување на генерациите кои доаѓаат. Јас го насочив своето внимание кон царското семејство, и тоа не сличајно, уверена, дека тоа може биде добар пример и за децата, и за нивните родители.“

Денес се отвораат многу архиви, и секој може да се запознае со фотографии, дневници, писма на светото семејство, да види, дека во него живееле реални луѓе. Но тие успеале да создадат своја сопствена „семејна икона“. Семејството и татковината се од Бога. Тоа се две големи сили, кои ги заштитуваат луѓето од злото.

Изложбата на фотографии за првпат се постави во 2003 г., најпрво во Зареченскиот Културен Дворец, потоа во училиштата на белоруската област. Во 2011 г. изложбата пристигна во Рударскиот универзитет во главниот град на Урал, основан од царот Николај II, а во јули истата година – во киното „Космос“, па потоа во Дворецот на спортот. Во сите тие места авторот мораше да се соочи со рамнодушност, дури и со аверзија кон царот од страна на разни категории луѓе. Ирина Борисовна е убедена, дека плукањето на Царската Русија од минатото влијае и на иднината, а кој ја повторува лагата за царот Николај, тој не ја сака Русија.

Извор: Православие.ру