Александристиот Патријарх му се заблагодари на Рускиот Патријарх Кирил за финансиската помош за Мисијата во Сиера Леоне
 
 
 
 
 

Александристиот Патријарх му се заблагодари на Рускиот Патријарх Кирил за финансиската помош за Мисијата во Сиера Леоне (18.05.2012)

По неговото враќање од мисионерското патување низ земјите од Западна Африка, направено пролетта 2012 г., Неговото Блаженство Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка Теодор,  испрати писмо до Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, во кое му изрази благодарност „за од сѐ срце понудената финансиска помош во макотрпната работа на мисијата и крштението на африканскиот народ.“

Средствата, предадени од Неговата Светост Патријархот Кирил за време на посетата на Поглаварот на Александриската Црква на Моска во јануари 2012 г., беа искористени од Неговото Блаженство да им се помогне на жителите на Сиера Леоне, кои пострадаа во експлозии од нагазни мини, останати од крвавата граѓанска војна, 1991-2001.

Во дел од писмото, се вели: „Непресушен извор на морална поддршка се јавува кога ќе се осознае дека молитвата и на дело ја пројавува љубовта на Вашата Светост, придружувајќи нѐ во постојаните подвизи да се просветлат племињата од континентот и загриженоста за задоволување на нивните многубројни животни потреби“, соопшти службата за коминукации при ОНЦВ.

 

 

                      

 

                       

 

     

 

                          

 

                         

 

     

 

            

 

                           

 

           

 

 

Извор: Патриархиа.ру