Во Швајцарија се одржаа први Денови на Православието (19.05.2012)
БЕРН. На 17 мај, Корсунскиот епископ Нестор учевствуваше во празнувањето на Денот на Православието на територијата на Шведската Конфедерација.
На настанот, кој за првпат се одржа на територијата на оваа земја, учевствуваа претставници на сите Помесни Цркви, кои функционираат во Швајцарија.
Свеченостите започнаа со соборно служење Божествена Литургија во храмот посветен на св. Павле при Православниот центар на Константинополската Партријаршија во Шамбези. Богослужбата ја извршија: Швајцарскиот Митрополит Иеремиј (Константинополска Патријаршија), Корсунскиот епископ Нестор, викар на Швајцарската Митрополија, Лампсакијскиот епископ Макариј (Константинопилска Патријаршија); Архиереи и свештенослужители од другите Помесни Православни Цркви.
По завршувањето на богослужбата се постави празнична трпеза, после која, учесниците беа свечено поканети на конференцијата посветена на историјата и современото присуство на Православието во Швајцарија.
Во втората половина од денот Архиереите-учесници беа свечено примени од претседателот на Генералниот совет на Женевскиот кантон.
Извор: Седмица.ру