Рускиот Патријарх Кирил отслужи Божествена Литургија на Бутовското стрелиште
 
 
 
 
 

Рускиот Патријарх Кирил отслужи Божествена Литургија на Бутовското стрелиште (20.05.2012)

На 19 мај 2012 г., Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија Кирил чиноначалствуваше со Божествената Литургија под отворено небо на Бутовското стрелиште во близина на храмот посветен на руските новомаченици и исповедници.

Чинот на богослужбата се изврши на местото на масовното стрелање и погребение на политичките жртви на репресијата на денот на Соборот на новомачениците, а прославата е посветена и на петгодишнината од потпишувањето на Актот за канонско единство помеѓу Московската Патријаршија и Руската Задгранична Православна Црква.

Патријархот беше придружуван од поглаварот на Руската Задгранична Православна Црква Митрополитот Источно-американски и Њујоршки Иларион и огромен број архиереи, членови на Синодот на Руската Православна Црква, архимандрити, протереи. На богослужбата беа присутни и монахињите од женските манастири во Московската епархија, верници од москоскиот регионот, а пееше хорот на Православниот Свети-Тихонски хуманитарен универзитет.

На крајот од Божествената Литургија, Неговата Светост направи литија за упокоените „во годините на прогонот, за Христовата вера и Вистина, повредени и убиени, од болест, глад и студот во затворите, пострадаа архипастири, пастири, монаси и мирјани“ и ја принесе молитвата кон светите руски новомаченици и исповедници:

„О свети новомаченици и исповедници на Русија...“

Со слово за добредојде кон Поглаварот на Руската Црква се обрати и настојателот на храмот на Руските новомаченици и исповедници, протереј Кирил Каледа.

Во чест на празничната боголужба протерејот Кирил Каледа на Неговата Светост му прзентираше икона со изобразение на ликот на светителот Тихон, серускиот Патријарх, свештеномаченикот Серафим, Митрополит Петербуршки, убиен во Бутово, и свети Јован, архиепископ Шангајски и Сан-Франциски – тројцата светители изобразени до храмот Воскресение Христово на Бутовското стрелиште.

Потоа кон собраните со пофално слово се обрати, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил.

 

                               

 

                             

 

                  

 

                                 

 

              

 

                    

 

                                   

Извор: Патриархиа.ру