144 години од роденденот на великиот руски цар Николај II
 
 
 
 
 

144 години од роденденот на великиот руски цар Николај II (20.05.2012)

Вчера, на денот на светиот праведен и многустрадален Јов, се навршија 144 години од роденденот на светиот руски цар Николај II Романов.

 

„Порано, во времето на царевите, Русија со векови се темелеше на љубов, несебично чувство кон Бога, кон Христос и ближните. Кој сега, како тогаш царот, може да  ја преземе неговата татковска љубов кон целиот народ, целата земја и пожртвувано да им слижи? Никој, затоа што никој, освен законскиот цар, не може да биде татко, „баќушка“ на целиот народ. Претседателите – се луѓе, секогаш привремено поставени од општествата (партиите), да се искачат на врвот поради суетата и желбата за власт, а не по Божји призив.

А кај рускиот цар нема жед за власт во душата, туку љубов. Тој ја прифаќа власта како крст, товар. Тој е помазан со царството од горе, од Бога, даруван со особен дар на љубов кон потчинетите, и способност да знае, како и на кој начин е неопходно да постапува со нив.

Како последниот зрак на Божествената Светлина ја озари руската земја со владеењето на државникот Николај Александрович? Неговата личност е комбинација од меѓународно образование и интерес кон сите уметности и културата, со длабока духовна надоградба, искрена вера и молитвеност. Во неговото време расцутија сите аспекти на рускиот живот – културата, уметноста, науката, индустријата, земјоделството и економијата во целина. Според оценката на западните експерти, Русија  беше 50 години пред сите најразвиени земји на Западот...

Во тоа прекрасно и последно царување конечно се откри неразделната врска помеѓу Православието и автократијата, меѓу Црквата и империјата. Руското Православно Царство, во текот на целата своја историја, му покажа на целото човештво дека е можно, секогаш да се живее како што учи Христос и Неговата Света Црква, а не така како што учи безбожниот комунизам. А практично, тоа значи – во услови на земно царство, целиот свет заедно, да си помага еден на друг, стремејќи се кон Царството небесно, кон „Новиот Ерусалим“.“

 

Протереј Лев Лебедев

 

Извор: 3rm.info