Документарен филм за востановување на единството на Руската Црква (20.05.2012)
На рускиот телевизиски канал „Русија 1“, во вторникот, 15 мај, премиерно беше прикажан документарниот филм на Волоколамскиот Митрополит Иларион „Единството на верните“, посветен на петгодишнината од значајниот историски настан, воспоставувањето на канонско сослужување помеѓу Московската Патријаршија и Руската Задгранична Црква. Потпишувањето на Актот за каконско сослужување, на 17 мај 2007 г., според зборовите на блаженопочинатиот Патријарх Алексеј, стави точка на историјата на граѓанската војна во Русија. Тоа стави крај на болната и драматична поделба во црковната средина на руската дијаспора, која траеше со децении.
Филмот зборува за тоа како архиереите на Црквата во татковината и во дијаспората дошле до овој епохален настан, како ги надминале разните недоразбирања и несогласувања, какви сѐ напори барало единството. Филмот се темели на единствените сеќавања и сведочења на непосредните учесници во процесот – Неговата Светост, Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил, Берлинско-Германскиот и Великобритански архиепископ Марко, секретарите на двете комисии за воспоставување на канонското сослужување, митрофорните протереи Николај Балашов и Александар Лебедев и многу други.