Свештеникот Тедор Коњухов повторно се искачи на Еверест (21.05.2012)
Познатиот руски патник о. Тедор Коњухов се искачи на Еверест. Отец Тедор на врвот се искачи со рускиот тим составен од седум лица, под раководство на познатиот алпинист Александар Абрамов. Еверест му се покори на Коњухов по вторпат. Првиот пат тој дојде на неговиот врв висок 8848 м на 11 мај 1992 г.
„Според мислењето на експертите, оваа 2012 година сезоната се покажа како една од најтешките. Поради тековниот ураган во март-април, речиси целата снежна покривка на Еверест беше однесена. Алпинистите се качуваа на голите карпи или многу цврстиот мраз. Оваа сезона некои експедиции го откажаа искачувањето. Рускиот тим „7 врва“ не отстапи од зацртаниот план, згора на тоа, оваа сезона Русите први од европските алпинисти се искачија на Северниот срт“ – соопшти официјалниот сајт на Коњухов.
Еве што изјави на 19 мај 2012 г. водачот на експедицијата Алекасандар Абрамов: „Здраво! Денес сите ние од првата група, 14 луѓе: седум шерпаси и седум учесници, утрото во 6 часот, се искачивме на врвот на Еверест! И ние бевме таму до 7 часот, бидејќи теренот беше темен, а беше потребно да се фотографираат знамињата... Како резултат на тоа, на врвот на Еверест, се сретнавме со изгрејсонцето. Смрзнавме како кучиња. Сѐ беше замрзнато. И сега сме во кампот на Северното седло, на седум илјади, безбедни, пиеме чај. За 15 мин. продолжуваме да се спуштаме, бидејќи времето треба да е 6 часот во Кина. Што уште сакав да кажам. Во суштина, сите се качија по вторпат на врвот, освен Азнор. И кога тој се качуваше на врвот, ние го пропуштивме напред. Торжествено рековме: еве ти го јажето, тоа е слободно. Така се случи, групата од нашата експедиција прва да се искачи на врвот на Еверест оваа сезона. Се разбира, после тимот на шерпасите.“
Отец Тедор Коњухов беше првиот свештеник на Руската Православна Црква, кој се искачи на Еверест, со себе на врвот тој ја зеде иконата на свети Никола Чудотворецот, со која претходно има направено четири патувања околу светот.
Сегашното искачување о. Теодор го направи на возраст од 60 години и 5 месеци.
Извор: Православие.ру