Александрискиот Патријарх освети храм во Кејп Таун
 
 
 
 
 

Александрискиот Патријарх освети храм во Кејп Таун (21.05.2012)

Во светата Митрополија на Добрата Надеж, на 18. мај попладнето пристигна Патријархот Александриски и на цела Африка г.г. Теодор, придружуван од Митрополитот на Акра г. Георгиј (претставник на патријархот во Атина) и протопрезвитерот Атинодорос Папаеврипиадис, којшто е патријаршиски егзарх во Кипар. Посетата беше со цел осветување на митрополитскиот храм на светите Рафаил, Ирина и Николај, подигнат со залагање на Митрополитот на Добра Надеж г. Сергиј, во преддворниот простор на Митрополијата. Камен темелникот на храмот го постави патријархот при неговата пастирска посета на Кејп Таун во 2005 година.

По пристигнувањето, патријархот отиде во Митрополијата, од каде што со литија ги пренесе моштите на новомачениците во храмот и беше отслужена вечерна богослужна. Веднаш потоа беше одржана празнична манифестација, со изведба на црковни химни и грчки традиционални песни.

Во саботата наутро, патријархот го изврши свештенодејствието на осветување храм, за време на кое им објаснуваше на мноштвото присутни луѓе детали од чинот. Потоа началствуваше со Божествената Литургија, во сослужение на Митрополитите Сергиј и Георгиј.

По завршувањето на црковното собрание, африкански дечиња воспитувани од локалната Црква прикажаа празнична уметничка програма со традиционални локални ора и песни. Потоа следеше празнична програма приредена од децата на парохијата на православните Бугари од градот.

 

                 

 

                 

 

Извор: Romfea.gr