Поглаварот на Грчката Црква ќе ја посети Руската Православна Црква во официјална посета
 
 
 
 
 

Поглаварот на Грчката Црква ќе ја посети Руската Православна Црква во официјална посета (22.05.2012)

Москва, 21 мај, 2012 г.

Од 23-30 мај 2012 г. ќе се оствари првата официјална посета на Неговото Блаженство Атинскиот архиепископ и на цела Грција Иероним на Руската Православна Црква.

На 24 мај, на празникот Вознесение Христово и денот во спомен на светите рамноапостолни Методиј и Кирил, Неговата Светост Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил и Неговото Блаженство Атинскиот архиепископ и на цела Грција Иероним ќе отслужат Божествена Литургија во соборниот Успенски храм во Московскиот Кремљ. Неговото Блаженство Архиепископот Иероним, исто така, ќе учествува на церемонијата за отварање на Денот на словенската писменост и култура.

Неговата Светост Патријархот Кирил и Неговото Блаженство Архиепископот Иероним ќе разговараат за перспективите и билатералната соработка помеѓу Руската и Грчката Православна Црква во сферата на богословското образование, поклоненијата, социјалните служби и други области.

Почесниот гостин ќе го посети и Санкт-Петербург и Троица-Сергеевата лавра, Московската и Санкт-Петербуршката духовна академија, каде ќе се сретне со професорите и студентите.

Неговото Блаженство ќе ја предводи делегацијата во состав: Додонски Митрополит Хризостом, Еласонски Василиј, Керкирски и Паксонски Нектариј, Глифадски Павле, Едески Пелски и Алмопијски Јоил, Фирски Аморгоски и Нисонски Епифаниј, Зихнијски и Неврокопски Јеротеј, Кифирски и Антикифирски Серафим, епископите Диавлијски Гаврил и Христианополски Прокопиј, архимандритот Спиридон (Катрамадос) – секретар на Синодскиот оддел за поклонички туризам, протереј Стефан Аврамидис – секретар на Синодската комисија за меѓуправославни и меѓурелигиски односи, архиѓаконот Епифаниј Арванитис и неколку мирјани – вработени во институциите на Грчката Православна Црква.

Грчката Православна Црква го зазема единаесетото место во Диптихот на Поглаварите на Помесните Автокефални Православни Цркви. Под нејзина јурисдикција потпаѓа поголемиот дел од територијата на Грција. Поглаварот на Црквата, Неговото Блаженство, Атинскиот архиепископ и на цела Грција е избран на Архиеоископската катедра, на 7 февруари 2008 г.

Посетата има за цел да ги зајакне традиционално пријателските меѓу Руската и Грчката Православна Црква, соопштува службата за комуникации при ОНЦВ.

 

Извор: Православие.ру