Моштите на свети Николај во Москва
 
 
 
 
 

Моштите на свети Николај во Москва (23.05.2012)

Ковчегот со моштите на светителот Николај Чудотворец, донесени од Италија во матичната црква на Рускиот православен универзитет на Новиот плоштад во Москва, ќе биде во храмот до 24 мај, до 22:00 ч.

Одлуката за продолжување на времето на престој на светињите во универзитетскиот храм била донесена како одговор на многубројните молби на верните. Во моментов, пристапот до моштите е дозволен секој ден, со почеток во 8:00 ч. Пред моштите периодично се создава редица, чиј крај излегува надвор од портата на комплексот Нов плоштад, соопштува прес-службата на РПУ (Рускиот православен универзитет).

Древниот тоскански реликвијар со честици од моштите на светителот Николај бил донесен на 19 мај 2012 г. во храмот посветен на апостолот Јован Боголов, кој е под матичната црква на Рускиот православен универзитет, заради молитвено поклонение на денот на празнувањето на 925-годишнината од пренесувањето на моштите на светителот од Мира Ликиска во Бари.

Фрагментот од моштите е земен од левата голема тибиа на св. Николај кои се чуваат во Венеција. Носењето на светињата во униврзитетскиот храм беше темпирано за отворањето на меѓународната научно-образовна конференција „Четириест по четириесет пати: храм на св. Никола во Москва“, која се одржа на Рускиот православен универзитет на 20 мај.

 

Извор: Православие.ру