Војникот Евгениј Родионов – Христов новомаченик
 
 
 
 
 

Војникот Евгениј Родионов – Христов новомаченик (25.05.2012 15:14)

Секој кој ќе ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец небесен. А кој ќе се одрече од мене пред луѓето и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец небесен (Мат. 10, 32-33).

Евгениј Родионов е роден на 23 мај 1977 година, порасна во јако, но доста мирно момче.   Крстен е на нешто повеќе од годинка.      

КРВЧЕ ОКОЛУ ВРАТОТ

Од своите врсници се разликуваше по тоа што, според сведочењето на мајка му, од мали нозе поседуваше особена моќ за забележување. Вниманието го насочуваше кон она покрај кое многу проаѓаа без да приметат ништо посебно. На 11 или 12 години се врати од летниот распуст со крвче околу вратот. Од тогаш веќе никогаш не го симнуваше од вратот, без разлика дали се работеше за бањање или за сауна, или тренинзите на кои одеше, членувајќи во спортската секција, или дома. На сите фотографии со друштвото тој единствен имаше крвче, и тоа на многу дебел конец.

После деветтото завршено одделение се вработи во фабрика за мебел. На 25 јуни 1995 г. Евгениј последен пат излезе од својата куќа, од своето село, отиде во војска. Многу се гордееме со тоа што беше регрутиран да го отслужи воениот рок во пограничните едниници.

ЗАРОБЕНИШТВО

Во февруари 1996 г. го заробија во Чеченија, сокриени во автомобил на Црвениот крст. Според наредбата на командата која им забрануваше на стражарите да пукаат, дури и кога се наоѓаат на бојна позиција, момчето не можеше да пружи отпор. Тоа итро го искористија чеченските разбојници. Го уапсија стражарот Родионов заедно со уште тројца негови другари–војници: Александар, Андреј и Игор. Во текот на трите месеци заробеништво им предлагаа да го примат исламот. Момчињата одбија. Единствено Евгениј имаше крвче околу вратот од кое никогаш не се одвојуваше. Разбојниците бараа да го скине, Евгениј одби. Тоа кај нив предизвика особен бес. Заради конечното и бескомпромисно одбивање да го симне крвчето од себе, разбојниците почнаа страшно да го мачат.

И ПОНАТАМУ ОКОЛУ ВРАТОТ

На 23 мај 1996 г. во населбата Бамут, на својот роденден, на православниот празник Вознесение Христово, на Евгениј му ја отсекоа главата. Дури ни од мртвиот војник разбојниците не смееја да го симнат крвчето. Благодарение на него, подоцна, мајката на маченикот и го препозна телото на синот.

Евгениј ја покажа својата предаденост на Спасителот Исус Христос и не прими друга вера, одлучувајќи дека е подобро да прими маченички венец и, несомнено, Господ ја прими неговата светла руска душа меѓу Своите големи светители.

Неговото тело лежеше непогребано две недели... Заедно со Евгениј, поради одбивање да го прифатат исламот, убиени се и тројца негови другари: војниците Игор Јаковлев, Андреј Трусов и Александар Железнов. Очигледно е дека тие, иако невоцрковени, го сфатија прифаќањето на исламот како предавство на своите ближни, пријатели, семејства, како и предавство на татковината.

МАЈКА

Мајката на Евгениј, Љубов Василевна, тргнувајќи од Полска, десет месеци го бараше гробот на својот син, успевајќи да го најде на чудесен начин, покрај до заби наорушените чеченци.  Најпосле, нејзината потрага вроди со плод, но разбојниците и ги земаа парите, за откуп. Продавајќи ја својата куќа, им ги предаде парите. Разбојниците ѝ го дадоа обезглавеното тело, а за главата на синот бараа дополнително да плати. Љубов Василевна позајми пари и повторно им плати.

Телото на Евгениј, мајката го донесе во татковината на 20 ноември 1996 г., на денот на Мелитинските маченици, кои биле војници-христијани на Римската војска. Заради одбивањето да се одречат од Христос претрпеле маченичка смрт – им биле отсечени главите. Биле 33 војници, а едниот од нив се викал Евгениј.

 

ВО РАЗВРАТНО ВРЕМЕ ЈА СОЧУВА ВЕРАТА

 

На 20 април (по нов стил) на гробиштата во селото Курилово, во Подолската област, на втор ден Велигден, на воскресниот спомен за починатите, на гробот на рускиот војник Евгениј Родионов се отслужи парастос. Почесната стража оддаде почесна стрелба, се постави и крст од дабово дрво висок 4 метри. Денес гробот на војникот-маченик стана место на народна почит, а пред сѐ, за оние мајки чии синови ги снајде истата судбина.

Евгениј Родионов прими маченичка смрт за Христа, за православната вера. Тоа е многу редок подвиг. Од една страна, неговата смрт предизвикува жал, а од друга – носи радост. Константин Велики виде крст и му беше речено: со ова победувај. Така и ние, гледајќи што се случи, велиме: само со верата ќе победиме. Бидејќи ако погледнеме околу себе – ништо друго нема да нѐ спаси. Навистина, човекот живеше меѓу нас во ова многу тешко време, можеби дури и потешко од советското, кога било безбожништво. Безбожништвото е полесно за поднесување, а развратноста потешка. А тој во развратно време ја зачува верата. Изгледа дека не бараа многу од него – да го скине крвчето. Пред сите да се одрече од Христос. Неговата смрт победува многу размислувања. Ако во нашата земја постојат вакви луѓе, значи дека Русија не пропаднала и не спие, туку во одреден момент се буди. Ние можеме да живееме и победуваме само со верата.