Атинскиот Архиепископ Иероним пристигна во Москва
 
 
 
 
 

Атинскиот Архиепископ Иероним пристигна во Москва (25.05.2012 21:02)

На 23 мај 2012 г. Неговото Блаженство Архиепископот Атински и на цела Грција кој пристигна во официјална посета на Руската Православна Црква ја посети Патријаршиската резиденција во Даниловскиот манастир.

Поглаварите на Руската и Грчката Православна Црква  отслужија молебен во храмот посветен на Сите руски светители. На богослужбата сослужуваа и: Митрополитот Крутицки и Коломенски Јувеналиј, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски Митрополитит Волоколамски Иларион, првиот викар на Патријархот во Москва Истринскиот архиепискот Арсениј, игуменот на Даниловскиот манастир архимандрит Алексеј и многу други.

По завршувањето на боголужбата  поглаварите на двете Цркви меѓусебно си упатија официјално поздравно слово.

 

На 24 мај, на празникот Вознесение Христово и денот кога се празнуваат светите Методиј и Кирил, сесловенските учители (воедно и именден на Неговата Светост Партијархот Кирил), но и Денот на словенската писменост и култура, се отслужи Божествена Литургија во патријаршиската соборна Успенска црква во Кремљ – Москва, на која чиноначалствуваа поглаварите на Руската и Грчката Православна Црква.

На Литургијата освен членовите на двете Цркви земаа учевство и членовите на делегацијата на Руската Задгранична Црква кои пристигнаа во Русија по повод одбележувањето на 5-годишнината од потпишувањето на Актот за канонско општење, а исто така, сослужуваа и Митрополитот Дарданелски Никита (Константинополска Патријаршија) и Севастискиот Архиепископ Теодосиј (Ерусалимска Патријаршија).

Пред причестувањето беше прочитано патријаршиско послание во чест на Денот на словенската писменост и култура.

По Литургијата на која пееја Московскиот синодален хор и хорот на Сретенскиот ставропигијален манастир, Иверската икона беше изнесена на соборниот плоштад.

На присутните со пригодно слово им се обрати Неговата Светост Патријархот Кирил, веднаш по него и Неговото Блаженство Архиепископот Иероним, а на крајот со честитки кон Синодот на Руската Православна Црква и со честитки за именденот на Патријархот Кирил се обрати Митрополитот Јувеналиј.

 

 

Во текот на денот Поглаварите на двете Цркви се состанаа со рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот на Русија го поздрави Неговото Блаженство Архепископот Иероним: „Ви благодариме што одвоивте време да дојдете денес кога го славиме именденот на Патријархот и Денот на словенската писменост и култура. На ден кога убаво се гледа како духовните корени нѐ обединуваат.“

Архиепископот Иеромин му се заблагодари на претседателот со зборовите: „Ние го одбравме овој ден бидејќи е голем христијански празник – Вознесение Христово а, исто така и ден кога се празнува споменот на св. Методиј и Кирил. Сакавме и заедно да го прославиме именденот на Неговата Светост Патријархот Кирил“. Во обраќањето, тој додаде: „Нашите народи се меѓусебно поврзани низ историјата... Во овие времиња, како никогаш досега, важно е да се поддржуваме едни со други.“

 

 

                                 

 

               

 

                                        

 

                                       

 

                        

 

                       

 

Извор: Патриархиа.ру