Стратегија за духовна просвета, катехизација и култура на Бугарската Православна Црква (28.05.2012 10:48)
Со застапништвото на свети Јован Рилски, благословот на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија и раководството на Ловчанскиот Митрополит Гавриил се одржа првата работна средба организирана од Културно-просветниот оддел на БПЦ-БП, по однос на прашањата за духовна просвета и катехизација. Од 18-20 мај оваа година во Рилската света обител, работната група од 47 учесници состави Стратегија за духовна просвета, катехизација и култура на Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија. Така просветната програма на Светиот Синод веќе има свое лице, свој устав, јасна систематска рамка и конкретен план за дејствување. Стратегијата ги содржи принципите за реализација, визијата, приоритетите, основните цели, задачи и форми на просветната мисија, меѓу кои:
- црковни училишта;
- богословски курсеви;
- семинари за обучување;
- летни, младински и семејни кампови;
- специјална катехезиска работа со семејствата;
- преткрштелна катехизација;
- поклонички патувања;
- школи и ателјеа за црковна уметност;
- издавачка и медиумска дејност и др.
Во рамките на организациската структура веќе функционира Синодален катехезиски центар.
Резултатите од работната средба беа дополнети и со декларација на учесниците, со која се настојува за законодавни промени со цел училишниот предмет „Религија“ да биде задолжителен и еднаков со останатите учебни предмети, како и повик на учесниците кон клирот и православните христијани за активно учество во просветната мисија на Црквата.
црквата каде што се наоѓа гробот на свети Јован Рилски
Извор: Bg-patriarshia.bg