Поклоничкото патување на Константинополскиот Патријарх во Кападокија (30.05.2012 09:52)
На 26 мај започна годинешното поклоничко патување на Константинополскиот Партијарх Вартоломеј во Кападокија. Патријархот пристигна во древната Кесарија, а потоа го посети Прокопион (сега Урѓуп), каде многу години, во заробеништво живеел свети Јован Руски, чиј спомен се прославува на 27 мај.
Кон патријаршиската свита се придружија и поклоници од Грција, предводени од Драмскиот Митрополит Павле и Неаполскиот и Ставрополски Варнава, како и православните христијани од САД и од други земји, соопшти агенцијата „Амeн“.
На 27 мај Константинополскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во местото Мисти (сега Конакли), кое се наоѓа во Кападокија.
Првпат после 1922 г. отслужена е Литургија во десеткуполната црква посветена на св. Василиј Велики и свештеномаченикот Власиј.
Извор: Amen.gr