Конференција „Православие и псевдомедицина“: Бројот на жртвите од окултизмот расте
 
 
 
 
 

Конференција „Православие и псевдомедицина“: Бројот на жртвите од окултизмот расте (31.05.2012 10:13)

Лекари, свештеници, психолози и мисионери се собраа на 28 мај во Центарот на Светиот Дух во Александо-Невската лавра на конференцијата „Православие и псевдомедицина“. Средбата беше организирана од мисионерскиот оддел при Санкт-Петребуршката епархија.

Се дискутираше за проблемите од распространувањето на окултните методи на лечење и последиците од тие собранија, бидејќи често се сретнуваме со жртви од псевдомедицинска практика. А бројот на таквите жртви постојано расте.

Во Друштвото на православни лекари (ДПЛ) од Санкт-Петербург се одржува и годишен курс за рехабилитација, кој ги подготвува жртвите за чинот на одрекување од окултизмот. Според раководителот на курсот, кандидатот за педагошки науки Владимир Лободин, лечењето кај псевдоисцелителите често има фатални ефекти врз човечката психа.

„Дури и ако жртвата не може да се ослободи од последиците (а постојат тешки форми на растројства со визии, „гласови“ и други нездрави манифестации), тоа свесно носење на таквите маки, му се прифаќа на човекот како подвиг и тој така може да ја спаси својата душа“, уверен е Владимир Лободин.

Во Русија интересот за алтернативните методи на лечење е поткрепен од телевизиските екрани. Средствата за масовно информирање ѝ посветуваат многу внимание на оваа тема.

„Окултизмот не ја губи својата популарност, се менуваат само митологиите. За смена на астрологијата доаѓа, на пример, култот на индиго децата или екстрасенсите, но суштината останува иста“, рече претседателот на епархијалниот мисионерски оддел протереј Георгиј Јофе.

Псевдомедицинската пракса понекогаш е толку умно прикриена, што да се увиди опасноста во неа, не е секогаш можно, дури и за свештениците. На пример, кај верните е распространета практиката на неоправдано одбивање на вакцината. Православниот поглед за вакцината не ја поддржува таа позиција, рече претседателот на ДПЛ, доктор по медицински науки протереј Сергеј Филимонов.

Отец Сергеј ги разграничи поимите исцелители и псевдоисцелители. „Хомеопатијата, лечењето со билки и другите методи на народното лекување – не се тоа, протов кое ние застануваме. Задолжителен атрибут на окултната пракса е пројавувањето на елементи на магија и мистицизам во процесот на лечењето“, истакна свештеникот.

На крајот од конференцијата беше изготвен документ и предлог, да се внесе во федералниот закон за заштита на здравјето на граѓаните, амандман за забрана на пропагандата на тие нетрадиционални методи на лечење, кои му нанесуваат штета на духовното и физичкото здравје на човекот.

Извор: Православие.ру