Црквата подготвува специјалисти за советување на зависниците од дрога (01.06.2012 10:58)
На 29 мај 2012 г. во Манастирот на милоста посветена на Марта и Марија се одржа одбрана на завршниот испит на првите слушатели на курсот за доквалификација на свештенослужителите и парохиските социјални работници „Методи во цркавната работа со зависниците од дрога“.
Реферати за првите чекори во советувањето со зависници, работа со телефонска линија за помош, организирање на центри за рехабилитација, советување со социјално вмрежување и други актуелни прашања за помош на наркозависниците, поднесоа 47 луѓе, вклучувајќи и 6 свештеници, соопшти Диакония.ru.
Според податоците на главниот експерт за наркотици Русинот Е. Брјуна, денес во Москва има 32 илјади официјално регистрирани наркозависници и реално бројот на зависниците од дрога може да достигне 80 илјади, а секој десетти жител на главниот град употребувал дрога во својот живот. Како што истакнуваат московските свештеници, сѐ повеќе и повеќе зависници и нивните семејства се обраќаат за помош во црквите. Од човекот со кој ќе се сретнат во храмот, дали свештеник или парохиски службеник, тие очекуваат да слушнат не само утешни зборови и поддршка, туку и практични совети за тоа како да се изборат со зависноста. На тие луѓе ќе можат да им помогнат квалификувани социјални работници, компетентни за прашањата поврзани со наркоманијата и психологијата на наркоманијата, познавачи на различните медицински и правни аспекти во работата со зависниците.
Со цел да се подготват такви работници (а во перспектива да се создаде и единствен систем за примарна помош на зависниците во парохиите на метрополата), Координативниот центар за борба со наркоманијата, Синодскиот оддел за црковни добротворни цели и социјална служба, катедрата за социјални работи при Православниот Свети-Тихонски хуманитарен универзитет и одделението за доквалификација на факултетот и дополнителна обука, го организираа курсот „Методи во црковната работа со зависниците од дрога“. Тој се темели на изработениот прирачник „Методологија за рехабилитација на наркозависниците во црковните парохии“, издаден од Одделот во јануари 2012 г.
Слушателите вклучени во првиот курс во Манастирот на Марта и Марија беа ангажирани од февруари од мај. Секојдневно имаа предавања од раководителот на Координативниот центар игумен Методиј (Кондратев) и специјалисти во различни области од рехабилитацијата на наркозависниците.
„На крајот од курсот секој слушател подготви реферат на една од предложените или на сопствена тема. Речиси една третина од рефератите беше посветена на првите чекори во советувањето на зависниците“, изјави шефот на катедрата за социјални работи Т. Залцман.
Исто така, огромен интерес кај курсистите предизвикаа прашањата поврзани со создавањето на центар за рехабилитација на жени зависнички, улогите на свештениците и доброволците во работата со наркозависниците, обезбедувањето средства за организација на центрите за рехабилитација при црковните парохии.
Во текот на работата долго се дискутираше за можноста за користење на социјалните мрежи за привлекување на зависниците кон рехабилитацијата и црковниот телефон за советување. Присутните дискутираа за суштествените проблеми на рехабилитацијата: сложеноста на обезбедувањето простории, недостатокот на квалификуван кадар, брзото откажување од страна на социјалните работници. Посебно внимание привлече проектот за мобилниот мотивирачки центар за наркозависниците – летниот камп со шатори и дрвени монтажни куќи, којшто може брзо да биде распореден речиси на секој терен и лесно да се претвори во траен камп.
„Јас гледам голем потенцијал за понатамошен развој на курсот. За четири месеци заедничка обука нашите курсисти се запознаа, научија, со какви способности располага секој и дека за решавање на сите проблеми потребно е да се помагаат еден со друг. Јас се надевам дека врските кои се создадоа на заедничката обука ќе продолжат и по завршувањето на курсот. Јас мислам дека ние можеме да направиме сајт за комуникација во рамките на Одделот за добротворни цели“, сумираше игумен Методиј.
На слушателите кои успешно го завршија курсот ќе им бидат врачени официјални државни свидетелства. Чинот на врачување ќе се одржи на 5 јуни во Одделот за добротворни цели.
Првиот курс, што се одржа со полно работно време, беше наменет за свештенослужителите и социјалните работници во црквите во градот Москва и неговиот регион, притоа беше организирана отворена онлајн предавална на лекции на сајтот на Одделот за добротворни цели. Во текот на следната година се планира на обуката да се привлечат курсисти од другите региони на Русија.
Извор: Православие.ру