Во Солунскиот Богословски Факултет беше отслужена Литургија на словенски и грчки јазик
 
 
 
 
 

Во Солунскиот Богословски Факултет беше отслужена Литургија на словенски и грчки јазик (05.06.2012 14:14)

На покана од протопрезвитер Спиридон Андониу, професор по источно црковно пеење на Богословскиот факултет при Аристотеловиот универзитет, по повод храмовиот празник на параклисот на факултетот, богослови од Македонија и од други држави со словенски происход, пееја на утрената и светата Литургија на левата певница на црковнословенски јазик. Со Литургијата началствуваше Теополскиот митрополит Пантелејмон (Вселенска патријаршија), во сослужение со професори и други свештеници од Солунската света митрополија. На богослужбата присустваше целиот професорски колектив и студентите, на чело со деканот на Богословскиот факултет, г. Михаил Тритос, професор по Историја на словенските цркви и заменик ректорката на Универзитетот, г-ѓа Деспина Љаљу, професорка по догматика на Богословскиот факултет.

Со благослов на Неговото Високопреподобие архимандрит Амвросиј, игумен на Зографската света обител „Свети Георгиј“ на Света Гора, 10-тина момчиња со словенски корени се собираат по своја иницијатива на проби секој понеделник во неделното училиште во Солун, кое е под закрила на Зографскиот манастир.

Хорот е составен од: Антонио Лазески, Виктор Недески и Александар Димоски од Македонија, Даниел Цеков, Емил Тасков, Александар Трошанов, Орлин Јанчев, Кристијан Јанакиев и Иван Јорданов од Бугарија и Андриј Крочак, Канаѓанец со украински происход. Скоро сите момчиња го изучуваат засилено источното црковно пеење во различни Солунски музички училишта, стремејќи се со тоа да го помагаат црковнословенското пеење во своите земји.

Целта на хорот е да ги сплотува студентите богослови од словенски происход преку црковното пеење.

 

                      

Пречек на Теополскиот митрополит Пантелејмон                              Теополскиот митрополит Пантелејмон

                       

                       Грчкиот хор на десната певница                      Читање на Апостол - Проф. Михаил Тритос, декан на БФ

 

     

                         Петтолебие                                             Митрополит Пантелејмон и словенскиот хор

 

Хорот со деканот

 

Автор - Хор на словенски студенти при Солунскиот Богословски факултет