Неопходно е да се преименуваат улиците во Москва, изјави рускиот министер за култура (06.06.2012 13:57)
Министерот за култура на Русија Владимир Медински на отворањето на изложбата „Русија во Светата Земја: кон 130-годишнината од соработката на Кралското православно палестинско општество со народите од Блискиот Исток“, во вторникот во Манеж, им предложи на властите во Москва да размислат за преименување на улиците во главниот град, кои носат имиња на „терористи-револуционери“, во чест на нивните жртви, посебно, големиот кнез Сергеј Александрович (Романов) и неговата сопруга светата преподна маченичка Елисавета Фјодоровна.
„Првиот претседател на Палестинското општество бил брат на Александар III, гувернерот на Москва, големиот кнез Сергеј Александрович Романов, кој бил убиен од терористи. Неговото дело го продолжила сопругата Елисавета Фјодоровна, којашто после револуцијата била ѕверски убиена од револуционерите и сега е една од најпознатите светителки. Мислам дека со отворањето на оваа изложба треба да размислиме за тоа. Околу тоа треба да подразмислат и присутните претставници на властите во Москва. Имињата на некои од тие терористи и нивните поддржувачи се сѐ уште на нашите улици, но ние немаме улица со името на Сергеј Александрович, ниту со името на св. Елизабета Фјодоровна“, рече Владимир Медински.
Според неговите зборови, „со нивните имиња треба да се заменат имињата на крвниците и убијците“.
Министерот потоа ги именуваше и Војкови - Халтурин и Жељабов, учесниците во убиството на царското семејство (во Москва има пет улици со нивните имиња, исто така и станица за метрото „Војсковска“), пренесе РИА Новости.
Министерот смета дека процесот на промена на топонимите треба да се одвива постепено „со учество на месното население“, коешто треба да ја каже вистината за историските личности. „Не е неопходно да се примени сила, туку треба да се едуцираат“, заклучи министерот за култура.
Сестрите: Ирена, Викторија, Елисавета, Алиса Со сопругот во Санкт-Петербург. 1884 г.
идната царица Александра). Елисавета е на 20-годишна возраст.
На осветувањето на храмот на света Марија Магдалина На местото на убиството на Великиот Кнез Сергеј Александрович
во Гетсиманија, октомври 1888 г.
Настојателката на обителта на светите Марта и Марија, Великата кнегинка Елисавета со сестрите и болните, 1914 г.
Извор: Православие.ру