Празникот на Владимирската икона на Божјата Мајка во Сретенскиот манастир (07.06.2012 11:16)
На 5 јуни 2012 г. во московскиот стравропијагиален Сретенски манастир торжествено се прослави празникот на Владимирската икона.
Со благослов на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, со Божествената Литургија чиноначалствуваше Сергиево-Посадскиот архиепископ Теогност, игумен на Свето-Троицката Сергиева лавра. Пред почетокот на Литургијата владиката Теогност изврши потстриг во чтеци на дипломираните студенти од Сретенската духовна богословија. Владиката после службата на студентите и присутните им го даде благословот од Неговата Светост Патријархот Кирил и се обрати кон дипломираните со проштално слово. Беше извршен молебен, а на дипломираните богослови им беа врачени дипломи. Ректорот на богословијата архимандрит Тихон, игумен на Сретенскиот манастир, му се заблагодари на Патријархот Кирил и на Сергиево-Посадскиот архиепископ Теогност за неизмерната грижа и молитвите на светата обител во чии рамки се наоѓа духовното училиште.
Извор: Православие.ру