Рускиот Патријарх: Ние сме сите членови на едно тело – Црквата на Исус Христос
 
 
 
 
 

Рускиот Патријарх: Ние сме сите членови на едно тело – Црквата на Исус Христос (11.06.2012 10:56)

Од 8 до 11 јуни 2012 година, Рускиот Патријарх Кирил се наоѓа во посета на Кипарската Православна Црква.

На 8 јуни 2012 г. тој учествуваше во свечената седница на Светиот Синод на Кипарската Православна Црква во Кипарската Архиепископија.

      

 

     

 

     

Истиот ден, за време на неговата посетата на на манастирот посветен на св. Ираклид на Кипар се сретна со семејството на Неговото Преподобие, игуменот на Ватопедскиот светогорски манастир архимандритот Ефрем.

Мајката, браќата и сестрите на архимандритот Ефрем и другите членови на семејството со огромна радост го поздравија Поглаварот на Руската Црква, изразувајќи му длабока благодарност за учеството на свештенослужителот во надминувањето на толку сложените животни околности.

„Многу ја цениме Вашата достојна и богоугодна позиција – изразот на Вашите искрени чувства кон неговата личност и кон браќата од манастирот кои беа изложени на тест. Вашето писмо до претседателот на Грчката Република претставува вечен споменик и потврда за вашите истоверни грчки браќа“ – со такви зборови се обратија кон Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, роднините на игуменот на Ватопедскиот манастир на Света Гора.

„Апостолот Павле нѐ научи како да постапуваме во такви ситуации, кога еден од нас страда – возврати Неговата Светост – Сите ние сме членови на едно тело – Црквата Христова. Ако еден член е болен, тогаш со него треба да страда целото тело (1 Кор. 12, 26). Затоа јас не направив ништо особено, тоа не е мое дело, туку просто природно однесување на христијанинот во поглед на страдањето на својот брат.“

Во продолжение на беседата Светиот Владика истакна дека отец Ефрем беше на чело на делегацијата од светогорскиот манастир Ватопед, која на крајот од 2011 г. го донесе Појасот на Пресвета Богородица во Русија. Како што кажа Поглаварот на Руската Православна Црква, тој месец во различни градови од земјата на светињата ѝ се поклонија три и пол милиони луѓе.

 

                              

 

         

 

              

 

              

 

          

Извор: Патриархиа.ру