Во Бугарија заврши годинешниот 9-ти православен музички фестивал во Поморје (12.06.2012 16:56)
На 11 јуни во Бугарија, заврши годинешниот 9-ти православен музички фестивал во Поморје.
Првиот фестивал за православна музика во Поморје се одржа во 2004 г. Од тогаш, овој настан секоја година привлекува изведувачи и композитори од различни страни на православниот свет.
Собирот се одликува со голема културна разнообразност и традиционално високо уметничко ниво. Затоа од година во година се зголемува бројот на учесниците – во последните две години нивниот број достигна повеќе од илјада луѓе.
Фестивалот се роди во градот Пловдив благодарение на композиторот Георги Попов. Оваа година на собирот учествуваа претставници од Белорусија, Русија, Грција, Македонија, Полска, Србија, Романија у Украина, како и хорови од Холандија и Германија.
Бугарија беше претставена од академскиот хор „Gaudeamus“ од Пловдив, хорот од Врачанската епархија, хорот од црквата Света Троица и Хорот на слепите, кој го носи името на композиторот академик Петко Ставнов.
Извор: Седмица.ру