Судот го ослободи игуменот Ефрем Ватопедски
 
 
 
 
 

Судот го ослободи игуменот Ефрем Ватопедски (14.06.2012 15:24)

Грчкиот Ареопаг (Врховен суд) ја измени одлуката на Апелациониот суд на Тракија, со која на 1 март 2012 беа осудени архимандритот Ефрем и монахот Арсениј Ватопедски и претседателот на Основниот суд Марија Псалти на казна од 6 месеци и суспензија од 3 години.

Сите овие лица се ослободени од обвинението за одолговлекување на донесената пресуда на судот за размена на манастирскиот имот на езерото Вистонида. Врховниот суд пресуди дека Марија Псалти не ја злоупотребила службената должност, а игуменот Ефрем и монахот Арсениј не ја поттикнале на тоа дејство, соопшти Аgionoros.ru, цитирајќи го Naftemporiki.gr..

Извор: Православие.ру