Избран е нов состав на Епистасијата на Света Гора (15.06.2012 20:06)
Вчера, на 14 јуни, избрана е нова Епистасија на Света Гора – извршниот управен орган на светогорската монашка заедница. Таа е составена од претставници на четири светогорски братства: протоепистатот монах Максим од Иверскиот манастир и уште три епистати: јеромонахот Епифаниј од манастирот Пантократор, монахот Никифор од манастирот Филотеј и јеромонахот Иероним од манастирот Симонопетра.
Членовите на Епистасијата се менуваат секоја година. За пет години во неа земаат учество претставници од сите дваесет манастири на Света Гора. Според традицијата, секој од четирите членови на Епистасијата добива еден од четирите делови на печатот на Светиот кинот на кој е изобразена Пресвета Богородица „Платитера“, соопштува Ромфеа.