Во Тирана е осветена новата соборна црква на Албанската Православна Црква (27.06.2012 09:57)
Новата соборна црква Воскресение Христово, главниот храм на Албанската Православна Црква, беше осветенa во неделата, 24 јуни, од Архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија Атанасиј, во присуство на религиозни и политички лидери од земјата. По осветувањето на храмот во него беше отслужена првата Божествена Литургија која, исто така, беше предводена од Поглаварот на Албанската Православна Црква, соопшти агенцијата Ромфеа.
На прославата во Тирана присуствуваше и Архиепископот Димитриј, Поглаварот на Грчката Православна Архиепископија во Америка.
На богослужбата, исто така, присуствуваше и претседателот на Република Албанија Бамир Топи, премиерот на земјата Сали Бериша и водачот на опозицијата Еди Рама, а и многубројни претставници на деловните кругови, кои помогнаа за изградбата на храмот.
Новата соборна црква во Тирана е изградена во реонот на централниот плоштад на албанскиот главен град, со површина од 1660 кквадратни метри, а камбанаријата е висока 46 метри.