Игуменот Ефрем ја прокоментира ослободителната пресуда
 
 
 
 
 

Игуменот Ефрем ја прокоментира ослободителната пресуда (27.06.2012 13:34)

Архимендритот Ефрем Ватопедски првпат прокоментира за неговата ослободителна пресуда, соопшти сајтот на Издавачката куќа „Святая Гора“.

Тој во интервјуто за популарниот светогорски весник „Елефтери Ора“ го изјави буквално следново: „80% од обвиненијата против нас се веќе повлечени. Наскоро на сите ќе им стане јасно дека и останатите дваесет не се ништо друго, туку клевети и измислици“. „Господ и Пресвета Богородица помогнаа да блесне вистината. Кон нас се однесуваа несправедливо, нѐ клеветеа и измачуваа. Но тоа не е важно. Јас верувам дека победи правдата. Ќе ни помогне Богородица“.

Како одговор на прашањето, како го преживеал неговото затворање и судскиот процес, отец Ефрем го кажа следново: „Најлошото нешто е клеветата... Јас на никого не му мислам зло, но наша должност е да се бориме за вистината, за честа на манастирот. Ние ќе продолжиме да се бориме во судот... Ние дејствувавме и ќе дејствуваме со свест за нашата одговорност и вера во монашкиот чин и нашиот позив. Му благодарам на Бога, Кој ја покажува вистината“.

Извор: Православие.ру