Во Вајмар Форум посветен на Света Гора (02.07.2012 09:37)
Од 23 до 26 јуни во гермаскиот Вајмар се одржа Меѓународна конференција „Света Гора – уникатно духовно и културно наследство на современиот свет“.
На неа учествуваа монаси од древните светогорски заедници Симонопетра и Хиландар, разни претставници – монаси и свештеници, научници, претставници на државниот и јавниот сектор. Присутни се учесници од Русија, Грција, Германија, Австрија, Белгија, Италија, Велика Британија, Украина, Србија, Романија, Бугарија, соопштува РИА.
Посебно внимание беше посветено на духовниот и интелектуалниот живот во христијанството, современата духовна пракса, монашките активности во заедницата и надвор од неа, светогорската традиција во современата уметност.
„Да се обезбеди континуитет на живата монашка традиција, која со своите животворни сокови ја храни целата вселена, е можно само со зачувување на уникатниот статус на Света Гора како смоуправна повеќенационална монашка ’држава“.
Овој голем Форум посветен на Света Гора се организира по вторпат во Европа. Организатори на конференцијата се Светскиот социјален форум „Дијалог на цивилизациите“, меѓународното друштво „Пријатели на Света Гора“ и Рускиот православен црковен фонд во Германија.
Извор: Светигора