Поглаварот на Православната Црква во Америка Митрополитот Јона поднесе оставка
 
 
 
 
 

Поглаварот на Православната Црква во Америка Митрополитот Јона поднесе оставка (10.07.2012 08:03)

На 6-ти јули, во петокот, Вашингтонскиот архиепископ и митроплит на цела Америка и Канада Јона (Пафхаузен) си даде оставка од местото поглавар на Православната Црква во Америка, соопштува официјалниот сајт на ОСА (Orthodox Church in America). Во посебно писмо, адресирано до членовите на Светиот Архиерејски Синод Митрополитот Јона се откажува од местото на поглавар на Православната Црква во Америка и „смирено моли за друго епископско послушание“.

 

На 9-ти јули, Светиот Архиерејски Синод го назначи за местобљустител на Православната Црква во Америка најстариот од архиереите - Детроитскиот архиепископ Натанаил, претстојател на Романската епархија под јурисдикција на ОСА. Митрополитот Јона ја задржува титулата митрополит, бивш Вашингтонски Архиепископ и митрополит на цела Америка и Канада, но засега не се знае која ќе биде неговата следна катедра. До изборот на нов архиепикоп за местобљустител на Вашингтонската епархија Св. Синод го назначи епископот Александар (Голицин), епископ на Толедо и бугарската архиепископија во рамките на ОСА. Според уставот на Православната црква во Америка месните епархии сами го избираат својот поглавар, избирајќи едно име од списокот утврден од Светиот Синод, за разлика од Руската Православна Црква, каде што епископот се назначува од страна на Светиот Синод под претседателство на Патријархот.

 

Православната Црква во Америка е втората по бројност православна заедница во САД (по Вселенската патријаршија), која од православните опшини има највисока посетеност и прираст на парохјани. Нејзе автокефалноста ѝ е доделна во 1970 г. од страна на Московската патријаршија како резултат на усилбите на протоерејот Александар Шмеман и на Ленинградскиот и Новгородски митрополит Никодим, но сè уште не е признаена од Вселенската Патријаршија и повеќето помесни Цркви, кои ја сметаат за самостоен дел од Руската Православна Црква. БПЦ ја признава нејзината автокефалност, исто како Грузиската Црква, Полската Црква и Православната Црква на Чешките земји и Словачка. Под јурисдикција на Православната Црква во Америка се наоѓаат 14 епархии, од кои 11 се територијални а три се етнички, во нејзин состав влегуваат 650 парохии, 8 манастири, три семинарии - "Св. Владимир", "Св. Тихон", "Св. Герман" и една Духовна академија. Богослужбите во ОСА се одвиваат на англиски и на црковнословенски јазик.

 

Извор: Дверибг.нет