Жителите на Санкт Петербург ќе можат да го слушнат Македонскиот византиски хор (11.07.2012 18:41)
Вечерва, со почеток во 20 часот на сцената на Државната академска палата во Санкт Петербург, во рамките на IV Меѓународен фестивал „Академија на православна музика“ за првпат ќе настапи Македонскиот византиски хор „Хармосини“, соопшти „БалтИнфо“ на прес-службата која се одржа во Државниот конзерваториум „Н.А.Римски-Корсаков“ во Санкт Петребург.
Фестивалот се одржува со благослов на Неговата Светост Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил, поддржан е од Министерството за култура и администацијата на претседателот на Руската Федерација. Како што соопшти „БалтИнфо“ главната цел на организаторите е: „да ги запознаеме нашите сограѓани, како и луѓето од другите земји со историјата на православното пеење“. Фестивалот вклучува образовна програма, голем број настани и концерти кои ќе се одржуваат во најубавите сали и дворци во Санкт Петребург.
Програмата е распоредена од 2 до 20 јули. На фестивалот ќе учествуваат: Празничниот хор од Валаамскиот манастир, „Распеаните келии на св. Тома“ од Светогорски манастир посветен на св. Тома, Коптскиот хор „Ансамбл Давид“ (Египет), хорот од машкиот манастир посветен на Светиот Покров (Украина), Фолклорниот ансамбл „Дидгори“ (Грција), Македонскиот византиски хор „Јован Хармосин“ (Македонија), Фолклорниот ансамбл на Димитриј Покровски, Дивна Љубојевиќ и Никола Попмихајлов (Србија), како и монах Јаков – главниот протопсалт на Карејскиот соборен храм „Успение на Пресвета Богородица“ на Света Гора. На фестивалот ќе земе учество и „Малата концертна камбанарија“.
Извор: Baltinfo.ru, Choirfestival.ru