Во балтичките и скандинавски земји ќе се одржи поморска литија
 
 
 
 
 

Во балтичките и скандинавски земји ќе се одржи поморска литија (13.07.2012 14:01)

Оваа сабота, 14 јули, од пристаништето на јахта-клубот „Балтиец“ во Красноселската област на Петербург ќе започне  меѓународната поморска литија, соопшти дописник на "Интерфакс-Религия".

Учесниците од Александро-Невското братство на Свето-Троицката Александро-Невска лавра и воспитаниците на меѓународниот центар за социјална адаптација и развој на деца со посебни потреби и деца без родители „Светлина на надежта“ ќе пловат следејќи го патот на јахтата на императорот Николај II, укотвувајќи се крај брегот „Штандарт“ во Финскиот архипелаг, а потоа покрај храмот на Александар Невски во Финска, балтичките земји и местата поврзани со животот на Романови.

Патријархот Кирил го благослови поклоничкото патување кое се одржува во рамките на долгорочната програма „Александар Невски – име на Русија“ за периодот 2010-2020 г.

„Откако првиот руски цар го основа Санкт Петербург не само како нова престолнина, туку и како серуски духовен центар, преку иницирање на создавањето на Александро-Невската лавра и лично учевствуваше во преносот на моштите на светиот благоверен кнез Александар Невски  во „северниот Палмир“, го избира него за заштитник на Руската империја“, истакна соговорникот на агенцијата.

Александар Невски се смета за личен светител-заштитник на следните крунисани претставници на семејството Романови. Доказ за тоа се многуте храмови, по нивна иницијатива подигнати, низ целиот свет во спомен на кнезот.

„Затоа Свето-Троицката Александро-Невска лавра, која претставува духовен центар на Петербург, по повод својата 300-годишнина која се одбележува истовремено со 400-годишнината од династијата Романови, има целосно право да биде духовен центар на прославувањето на овој јубилеј“, сметаат организаторите на поклонението.

Александро-Невската лавра од 2007 г. ја организира меѓународната литија „Царкиот пат“ низ предградијата на Санкт Петербург и царските места во блиското и далечно соседство. Организаторите велат дека поморската поворка во 2012 г. е подготовка за „јубилејната“ поворка „Царскиот пат“ низ земјите во Европа.

Извор: Православие.ру