Преку 30 илјади луѓе дојдоа на гробот на Старец Паисиј (17.07.2012 17:27)
Пред осумнаесет години (12 јули 1994 г.) се упокои светогорскиот Старец Паисиј (Езнепидис). На 12-13 јули 2012 г. на годишнината на големиот подвижник на нашето време, дојдоа мноштво луѓе за да се помолат на неговиот гроб.
Без оглед на големата жештина која владее со Грција овие денови, десетина илјади поклоници со часови, во огромни редови, чекаа да пријдат до гробот на Старецот, да положат цвеќе и да се помолат.
Во заедницата на светиот Јован Богослов и Арсениј Кападокијски, каде што е погребан Паисиј Светогорецот, на денот на неговото блажено упокојување, отслужен е помен и сеноќно бдение, а следното утро Литургија.
На боголсужбата присутвуваа повеќе од триесет илјади луѓе. Никогаш порано во овој манастир не се собрал толкав народ, соопштува сајтот „Света Гора“.