Повеќе од 40 илјади верници во Екатеринбург го прославија споменот на Царското семејство (18.07.2012 17:48)
Според разни проценки од 40 до 50 илјади поклоници, во очи ноќта на убиството, им оддадоа почит на светите Царски маченици во Екатеринбург, соопштува "Православная газета".
Ноќната Божествена Литургија започна со обраќањето на Митрополитот Екатеринбуршки и Верхотурски Кирил кон илјадниците верници. Владиката во своето слово ја откри духовната смисла на подвигот на Царското семејство, го истакна историското значење на тоа место и го повика секој православен човек кон одговорноста за својата татковина.
Потоа Митрополитот Кирил го поздрави пристигнувањето на Царските денови на постојаниот член на Светиот Синод, таткото на Средноазискиот митрополски реон, Митрополитот Ташкентски и Узбекистански Викентиј. За многугодишниот труд, направен за да се овековечи споменот на Царските маченици, Митрополитот Кирил, кој е на чело на Екатеринбуршката епархија 12 години, му ја врачи на Владиката Викентиј, највисоката награда на митрополијата – Медал на светите Царски маченици од I степен.
Митополитот Викентиј во своето слово му се заблагодари на таткото на Екатеринбуршката митрополија за продолжување на традицијата на почитувањето на Царското семејство, коешто се одржувало на Урал, во текот на изминатите 20 години.
Заедно со Митрополитот Кирил и Митополитот Викентиј, на ноќната богослужба беа присутни и: епископот Рибински и Угличски Венјамин, епископот Павлодарски и Екибазстузки Варнава, епископот Нижнетагилски и Серовски Инокентиј и епископот Каменски и Алапаевски Сергеј. Со владиците сослужуваше и игуменот на Спасо-Преображенскиот Соловецки ставропијагиален манастир архимандрит Порфириј и повеќе од двесте свештенослужители од Екатеринбуршката, Нижнетагилската, Каменската и други епархии.
Пред Причеста кон верниците со проповед се обрати секретарот на Нижнетагилската епархија протиереј Генадиј Ведерников. Отец Генадиј во своето слово го истакна Царското семејство како пример за современите семејства и повика кон „заживување на таквото семејство, затоа што во спротивно, таму каде што нема заживување, таму настанува обратен процес – изродување (дегенерација)“.
Причестувањето со Светите Христови Тајни, заради огромниот број на причесници се соврши од 100 путири, принесени во Храмот на Крвта од екатеринбуршкото духовништво.
После Отпустот и пред почетокот на Крсниот вход неверојатната песна „Дом особого назначения“, посветена на душите на светите Царски маченици, ја прочита архимандрит Гермоген Еремеев.
Потоа, под молитвеното пеење на архипастирите и духовништвото, поклониците ја испратија многуилјадната Крсна поворка по патот, по којашто ноќта, убиените телата биле однесени во јамата Ганина.
Вчера службите во Храмот на Крвта и во манастирот на Царските маченици се служеа цел ден. А вчера вечер и денес изутрина се служеа богослужбите во спомен на големата кнегиња Елизабета Фодоровна и монахиња Варвара во Алапаевск.
Извор: Православие.ру