Во Валаам заврши IV меѓународен фестивал „Академија на православната музика“
 
 
 
 
 

Во Валаам заврши IV меѓународен фестивал „Академија на православната музика“ (22.07.2012 16:56)

На 20 јули со Божествена Литургија во црквата Преображение во Валаамскиот ставропијагиален манастир заврши IV меѓународен фестивал „Академија на православната музика“. На богослужбата пееше комбинираниот хор на фестивалот, соопштува сајтот на манастирот.

Во предвечерието, во соборниот храм посветен на Христовото Преображение се одржа концерт на богослужбени и духовни песнопоенија, на којшто учествуваа Д. Љубоевиќ, протопсалтот на светогорскиот соборен храм Успение на Пресвета Богородица во Кареа монах Јаков и псалтите на Валаамскиот манастир. Учесниците на фестивалот ги поздрави игуменот на братството, Троицкиот епископ Панакратиј.

IV меѓународен фестивал „Академија на православната музика“ се одржа од 2 до 20 јули, беше поддржан од Министерството за култура и администацијата на претседателот на Русија, а учесниците на музичкиот форум добија и благослов и од Неговата Светост, Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил.

Во програмата на фестивалот беа вклучени: концерти на најдобрите домашни и странски хорови од Санкт Пербург, Новогород, островот Валаам, Русија, Украина, Грција, Србија, Грузија и др., тематски екскурзии, предавања и кративни работилници.

На овој фестивал, на 11 јули со целовечерен концерт се претстави и македонскиот византиски хор „Хармосини“.

 

Извор: Седмица.ру